Еколошко злосторство - три години затвор за украден велосипед
Судот во Брисел изрече тригодишна затворска казна за украден велосипед и оцени дека станува збор за еколошко злосторство.
Судијата оценил во својата аргументација дека со кражбата на велосипедот не само што е нанесена материјална штета, туку жртвата е принудена поради оваа кражба да користи превозни средства кои загадуваат значително повеќе од велосипедот, и со тоа е нанесена и еколошка штета бидејќи другите превозни средства придонесуваат за глобалното затоплување.
Крадецот доби строга тригодишна затворска казна, која несомнено се должи и на фактот што станува збор за рецидивист. Осудениот 41-годишник претходно седумнаесет пати бил осуден за слични кражби за кои добил дванаесет години куси условни затворски казни.
Судијата изјави дека е неприфатливо што судот не ги применил овие казни досега и дека овој пат осудениот мора да отслужи три години затвор без можност за апелација.
Извор: МИА