Видео од пукнатина на гребен, голем колку Лос Анџелес, што се одвоил од Антарктикот

Видео од пукнатина на гребен, голем колку Лос Анџелес, што се одвоил од Антарктикот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците го набљудувале ледениот гребен Брунт со години, чекајќи да се отцепи од ледената плоча на Антарктикот откако се појавиле повеќе пукнатини на површината. Гребенот конечно се отцепил минатата недела. Се проценува дека делот што се отцепил има површина од 1.270 квадратни километри, односно колку градот Лос Анџелес.

Процепот се појавил на мраз дебел 150 метри. Во средината на февруари авион кој летал над регионот го снимил процепот. Новата санта мраз што се отцепила од плочата на Антарктикот ќе биде наречена А74.


Европската вселенска агенција направила фотографии од сантата со сателит.



Научниците ќе продолжат да ја набљудуваат сантата мраз со ГПС-инструменти и сателити. Таа може да се оддалечи или да остане блиску до плочата.

Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Фото: Принтскрин/Youtube