Мапа на Европа во 2100 година направена од вештачка интелигенција предвидува нова Југославија

Мапа на Европа во 2100 година направена од вештачка интелигенција предвидува нова Југославија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во 2100 година на политичката мапа нема да ја има ниту Русија ниту Украина, но ќе ги нема и Шпанија и Португалија. Меѓу многубројните нови држави на Стариот Континент повторно ќе се најде Југославија со сите некогашни републики и покраини, но зајакната со Албанија и Данска. Вака изгледа мапата на Европа предвидена од неименуван софтвер за вештачка интелигенција.

Мапата била објавена на социјалната мрежа „Редит“, а оттаму била споделена и на други места на интернет, предизвикувајќи лавина коментари. Доколку ѝ веруваме на вештачката интелигенција, на почетокот на 22 век Европа ќе биде поделена на неколку политички сојузи. Во црно се обоени териториите на денешна Полска, Украина, Русија, Исланд, Шпанија и Португалија, кои нема да бидат дел од алијанса. Наведени се повеќе алијанси: европска, северна, бене и југо-данска. Се предвидуваат и нови држави.



Европската алијанса би требало да претставува наследник на Европската Унија. Ирска ќе има суверенитет на целата територија на тој остров, односно Северна Ирска ќе биде дел од Ирска, а не од Обединетото Кралство како сега. Островот Велика Британија во 2100 ќе биде Шкотска, а дел од неа ќе станат и Велс и Англија.

Франција ќе остане иста, како и Шведска, Германија, Чешка, Унгарија и Италија, додека Австрија и Словачка ќе бидат една држава, а Романија ќе има ново име - Робманија. Според мапата, ќе се спојат и Бугарија и Грција. Северната унија ќе ја сочинуваат Норвешка и Финска со истите граници, додека таканаречениот сојуз „Бене“ ќе го сочинуваат Холандија и Белгија, но без Луксембург.

Нова Југославија

За 77 години на политичката сцена ќе постои нова Југославија која ќе ги има сите земји од поранешната Југославија, но и Албанија и Данска. Треба да се посочи дека авторите на објавата не го навеле софтверот што го користеле, како ни податоците и параметрите што биле искористени во симулацијата.

Извор: Nova
Насловна фотографија: Reddit