Овој директор ја спасил компанијата без да отпушта работници

Овој директор ја спасил компанијата без да отпушта работници

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ширењето на коронавирусот претставува голем удар за глобалната економија. Претприемачите се соочени со големи предизвици.

За извршниот директор на „Гревити Пејментс“, Ден Прајс, предизвикот е огромен бидејќи приходите на компанијата се преполовиле. Тој имал две опции: да отпушти 20% од неговите вработени или да банкротира. Прајс не одбрал ниту една од опциите. Наместо тоа, одлучил да направи нешто што е нечуено - побарал совет од вработените. Прајс разговарал со сите вработени на темата и барал идеи.


Фото: Pixabay

„Гревити Пејментс“ им помага на малите бизниси во САД да процесираат парични трансакции. Во последниот месец компанијата забележа пад на приходите од 55%. Прајс проценил дека ќе банкротира за четири до шест месеци.

Прајс, кој претходно го освои вниманието на јавноста кога си ја намали сопствената плата за да им ја зголеми минималната плата на вработените, одлучил да побара помош од нив. Од разговорите открил дека сите вработени се подготвени да се жртвуваат за да ја зачуваат компанијата и да се одбегнат откази, но сите не можеле да издвојат иста сума. Затоа вработените се договориле анонимно да напишат колку би можеле да донираат од платата.


Фото: Pixabay

Според Прајс, вработените што заработувале повеќе генерално давале повеќе, но важно е дека сите донирале. Компанијата сега може да продолжи да работи во следните 8 до 12 месеци без да отпушти вработени.

Автор: Џастин Барисо
Извор: inc.com