Во Австралија се откриени нови видови пајаци

Во Австралија се откриени нови видови пајаци

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Пајаците-пауни во последните неколку години се хит на интернет, а сега имаме седум нови вида од нив на кои можеме да им се восхитуваме.

Пајаците-пауни се познати по прекрасните екстравагантни задници на мажјаците и нивните шармантни танци за додворување. Овие пајаци ги има само во Австралија и иако се отровни, не се опасни за луѓето бидејќи ловат само мали муви и други мали инсекти.

M. constellatus

M. suae


M. noggerup

- Пајаците-пауни би ги опишал како мали разнобојни мачиња. Тие се неверојатно мали, како зрно ориз - вели Џозеф Шуберт од организацијата Музеи на Викторија, кој некогаш се плашел од пајаци, но потоа ги чувал како миленичиња за да ја надмине фобијата.

Тој сега документирал нови видови пајаци-пауни, објавувајќи опис за нив во списанието „Зутакса“. Така, вкупниот број познати видови пајаци-пауни сега се искачи на 85.

M. volpei

M. laurenae.


M. inaquosus

Шуберт објаснува дека некои од видовите биле откриени од граѓани-научници што ги документирале и му испратиле фотографии. Некои од новите видови Шуберт ги открил на патување во Западна Австралија, додека други биле од Јужна Австралија и еден е од Викторија.


M. azureus

Неговиот омилен вид засега е M. constellatus.

За да добиете подобра претстава колку се мали овие шарени животинчиња, погледнете ја галеријата на ентомологот Јурген Ото.

Извор | Фото: Science Alert