Пролетен отворен ден во НОВА
Ве покануваме на нашиот
Пролетен отворен ден, на 10 април (среда),
од 13:30 до 15:30 часот, во просториите на Меѓународното училиште НОВА. Ова е извонредна можност лично да се запознаете со нашата заедница, вредностите што нѐ водат и причините поради кои речиси 30 години сме првиот избор за над 40 нации што живеат и работат во земјава.
НОВА е единственото училиште во Македонија овластено да ја спроведува целосната IB програма (од 3 до 18 години) и акредитирано од престижната Middle States Association (MSA).
Што ве очекува на отворениот ден?
• Детален преглед на нашите три дивизии, градинка, основно и средно, со фокус на индивидуализираниот пристап во наставата.
• Програми кои не само што го развиваат академскиот потенцијал, туку и социо-емоционалните вештини, критичкото размислување и глобалната свесност.
• Презентација на нашиот тим за академско и кариерно советување, кој ги подготвува учениците за прием на врвни универзитети во светот.
• Обиколка на кампусот: современи училници, лаборатории, спортски сали, кафетерии, студија за уметност и дизајн – простори кои го поддржуваат целосниот развој на секое дете.
• Можност за разговор со нашиот искусен и меѓународен наставен кадар.
Во НОВА веруваме дека училиштето не е само место за учење, туку средина во која учениците растат како целосни личности. Преку многубројни воннаставни активности, натпревари, патувања и хуманитарни иницијативи, нашите ученици градат вредности, врски и вештини што ќе ги следат цел живот.
Инвестирајте во иднината на вашето дете. Ве очекуваме на 10 април!
(Комерцијална објава)