Астрономите го фотографирале распаѓањето на кометата Атлас во близина на Земјата
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Астрономите се надевале дека кометата наречена Атлас ќе го осветли небото оваа пролет со оглед на тоа што експертите предвидуваа дека таа ќе биде доволно светла за да се види со голо око. Наместо тоа, кометата се распаднала на делови.
Је Куанџи, астроном од Универзитетот на Мериленд, ја следел кометата со вселенскиот телескоп „Хабл“ на НАСА на 20 април и успеал да направи фотографии кои ги споделил на „Твитер“.
- Го следевме распаѓањето на Атлас уште од првото откривање на почетокот на април, но со телескопи од Земјата не можевме да одредиме голем дел од местата каде што има остатоци - вели Куанџи.
Затоа тој го користел „Хабл“ и успеал да ги детектира малите остатоци. Овие остатоци ќе им помогнат на астрономите да разберат зошто кометата се распаднала. Претходните набљудувања откриле четири главни дела од кометата, но новите фотографии покажуваат дека два од тие делови дополнително се распаднале.
Кометата Атлас не е првото
вселенско тело што се распаѓа, но таа се распаднала во близина на Земјата и притоа била многу светла. Кометата Атлас потекнува од Ортовиот облак, во кој има ледени планетизимали. Облакот се наоѓа на околу 15 билиони километри од Земјата. Атлас е втората комета од облакот чии остатоци се набљудуваат со „Хабл“ во 30-годишното функционирање на телескопот, вели Куанџи.
Автор: Меган Бартелс
Извор:
space.com
Фото: Twitter