Најфотографираниот базен во светот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кога станува збор за базените, многу изгледаат доволно добро за да се појават на „Инстаграм“. Но, базенот „Бонди ајсбергс“ е навистина уникатен.
Тој не се наоѓа во скап хотел, туку е отворен за јавноста во текот на целата година. Постои повеќе од 100 години и се наоѓа на брегот на плажата „Бонди“ во Австралија. Тој претставува историско место за мештаните, а за странските
туристи е атракција. Според „Свим д ворлд“, веб-страница посветена на пливањето, тој е најфотографираниот базен во светот.
Базенот во моментов е затворен поради пандемијата, но кога ќе се отвори, посетителите може да уживаат во него за 9 долари. За децата под 12 години се плаќа 6 долари за влез, како и за постарите лица.
Базенот има и пливачки клуб кој бил основан во 1929. Освен да пливаат, гостите може и да користат сауна во близина или да имаат оброк во бистро веднаш до базенот.
Автор: Стејси Лиска
Извор:
travelandleisure.com
Фото: Instagram