Острови што никој не сака да ги купи

Острови што никој не сака да ги купи

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Поседувањето остров се чини како остварување на вашите соништа, но очигледно само богатите личности и милијардери како Џони Деп, Леонардо ди Каприо и Мел Гибсон можат да си го дозволат.

Но, ви откриваме дека можете да купите остров за многу разумна цена. Сепак, дел од овие зделки бараат посебни услови, па затоа луѓето не брзаат да ги купат.

1. Острови Пиасабусу

1
Фото: JSP Business Travel Company / facebook

Можете да станете сопственик не на еден, туку на 6 острови, со прекрасни пејзажи и уникатен див свет кој се наоѓа на реката Сан Франциско во североисточниот дел на Бразил, за само 79.500 долари. Причината зошто никој не ги купил е бидејќи купувачот всушност нема да ги купи островите, туку правото да ги користи островите на 99 години, за кои ќе плаќа годишни даноци.

2. Мал карпест остров, Канада

2
Фото: Vladi Private Islands / facebook

Овој 3-хектарски остров со бели песочни плажи, добро сочувана природа и борови шуми е заштитен од невреме и урагани од соседните острови. На него нема имот, така што би можеле да бидете првите што ќе изградите куќа од соништата. Цената на островот е 74.500 долари.

3. Остров Тиламук, САД

ostrov
Фото: Wintermeyer Photography / facebook

Островот Тиламук не е остров во традиционална смисла, туку е светилник на карпа покрај брегот на Орегон. Оригиналната цена на островот, кој бил продаден неколку пати, изнесувала 500.000 долари, а сега е намалена на 50.000 долари. Неговата историја полна со разни легенди, митови, па дури и трагедии (почнувајќи од несреќата на крајот на 19 век кога водачот на геодетска експедиција, Џон Тревавес, бил погоден од бран и исчезнал во морето) ги плаши потенцијалните купувачи.

4. Островот Чендлер, САД

4
Фото: Maine-Island

Чендлер е мал остров со поглед на живописниот Мејн, а може да се купи за 39.999 долари. Има мала куќарка на самиот остров. Единствениот проблем е што високата плима покрива половина од ова мало парче земја.

5. Островот Мекгибон, Канада

5
Фото: Larry Booker

Мал неразвиен остров на реката Св. Џонс во Њу Бранзвик, Канада, се продава за помалку од 29.900 долари. Единствениот недостаток е што секоја пролет поплавите го покриваат цел остров, така што не би можеле да изградите ништо тука. Во текот на другите годишни времиња островот е одлично место за кампување или за пловење со кајак.

6. Острови Шип Лејк, Канада

6
Фото: Vladi Private Islands

Овие мали острови покриени со дрвја се опкружени со кристално чисти води. Местото ќе ви даде мир и радост, но не многу приватност - се наоѓа на само неколку километри од најблиското рибарско село, па може да има многу посетители, со што островот не би станал толку приватен. Но, ако тоа не ви пречи, можете да го купите за 50.989 долари.

7. Форт Керол, САД

View this post on Instagram

Fort Carroll

A post shared by Pat Gavin (@patgavin) on


За само 31.500 долари можете да станете сопственик на овој историски вештачки приватен остров изграден во 1848 година за да го заштитите градот Балтимор, но под еден услов - мора да ја реставрирате напуштената тврдина на островот. Локалните бизниси се обиделе да го реновираат островот и да го претворат во хотел, конференциски центар, казино, па дури и затвор, но сите обиди биле неуспешни затоа што островот е важна локација за гнездење на галебите.

Бонус: Островот Матсјукер, Австралија

bonus
Фото: Тasmania Parks and Wildlife Service / facebook

Постои можност бесплатно да го изнајмите островот за 6 месеци со најјужниот светилник во Австралија, покрај брегот на Тасманија, и да учествувате во програмата што се нуди за доброволци. Должностите вклучуваат читање на временската прогноза, набљудувања во океанот, чистење одводи од атмосферски води, косење итн. Волонтерите можат да земат до 325 килограми храна и облека, а постои само една можност за повторно снабдување со намирници во текот на 6-месечниот престој.