Љубовните писма на Алберт Ајнштајн

Љубовните писма на Алберт Ајнштајн

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Деталите за бракот помеѓу Алберт Ајнштајн и Милева Мариќ, како и за нивната разделба и развод, долго време ѝ се познати на јавноста. Нивните љубовни писма првпат биле пронајдени во 1986 г. од внуката на Ајнштајн, Евелин. Тие биле објавени во 1992 г. како колекција од 54 писма напишани во времето кога тие биле студенти во 1897 г. до нивниот брак во 1903 година.

Писмата не се лажни како многубројните цитати од Ајнштајн што кружат на интернет. Корисничката на „Јутјуб“ Тибис ги покажува и ги чита писмата во видеата подолу. Таа чита и други писма на Ајнштајн за неговата втора сопруга, Елса, која била причина за разводот со Милева.

Љубовните писма на Алберт Ајнштајн



Писмата за разводот на Алберт Ајнштајн



Извор: openculture.com
Фото: Wikipedia