Финска го зголемува периодот на престој за добивање државјанство од 5 на 8 години
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Почнувајќи од 1 октомври 2024 година, кандидатите за финско државјанство ќе мора да бидат жители на земјата најмалку 8 години, како што покажуваат новите измени во Законот за државјанство.
Според финските служби за имиграција, потребното време за престој може да се намали, во зависност од околностите. Исто така, променет е и износот на денови дозволени за престој надвор од земјата. со што од 1 октомври ќе бидат прифатени вкупно 365 дена престој надвор од Финска, од кои најмногу 90 дена може да бидат од годината што претходи на одлуката за државјанство. Секој престој во странство што надминува нема да се смета како дел од времето на престој.
Оние што ја поднеле апликацијата пред 1 октомври 2024 година, за нивното барање ќе се постапува според старите правила, што значи дека измените во Законот за државјанство нема да влијаат врз претходните апликации.
Тоа значи дека оние што поднеле барање за државјанство пред октомври ќе треба да имаат петгодишен континуиран престој во земјава. Дополнително, оние што живееле во Финска седум години, а последните две години се со постојан престој, имаат право да добијат државјанство.
За случаи каде што се доволни помалку од пет години престој, тие мора да исполнуваат еден од следниве услови:
- Силни јазични вештини;
- Фински брачен партнер;
- Нордиски пасош;
- Добиена меѓународна или хуманитарна заштита од Финска;
- Лице без државјанство;
Финските служби за имиграција ги потсетуваат апликантите да ги поднесат своите барања за државјанство што е можно поскоро бидејќи обработката на овие апликации ќе одземе време со оглед на обемот на барања: околу 28.000.
Властите планираат да ги исчистат заостанатите барања за државјанство до 2027 година, додека Законот за државјанство се очекува да има реформи во три фази, при што првите две веќе се спроведуваат.