Костарика планира туристите да надоместат за нивниот јаглероден отпечаток врз животната средина
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ако имате можност, дали би инвестирале во неутрализирање на емисиите на јаглерод?
Костарика ќе почне да ги неутрализира јаглеродните отпечатоци на посетителите во обид да го поддржи одржливиот туризам.
Централноамериканската држава позната по својот солиден пејзаж на прашуми се етаблира како жариште за екотуризам.
Костарика е дом на речиси 2.000 шумски видови, некои ретки или загрозени. Извештајот на Институтот за туризам на Костарика заклучи дека светските патници ја сметаат Костарика за земја во која луѓето ја почитуваат природата.
За да ја зајакне оваа репутација, туристите сега ќе можат да се одлучат за неутрализирање на јаглеродот, што ќе придонесе кон зелената економија. Шемите за компензација на јаглерод им овозможуваат на земјите, бизнисите и индивидуалците низ светот да инвестираат во проекти што на крајот ѝ носат корист на животната средина. Во суштина, можете да го откупите јаглеродот што сте го потрошиле.
Иницијативата во Костарика вклучува засадување дрвја, обновување на природните средини, спроведување системи за агро-шумарство на фарми и слично. Сето ова, во теорија, компензира за транспортот, отпадот и какво било друго потенцијално влијание што може да го имаат патниците.
Долгорочно, Костарика има цел да ги задржи своите густи дождовни шуми и да достигне целосна неутралност на јаглерод до 2050 година.
Фото: Wikipedia