Сингапур ќе ги замени пасошите со технологија за скенирање на лицето и очите
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
До 2022 година жителите на Сингапур нема да имаат потреба од пасоши кога се враќаат дома од друга земја. Наместо тоа, скенерот ќе ги спореди нивното лице и ирисот со базата на податоци. Ако скенирањето не успее, тие можат да искористат отпечаток од прст, кој исто така се наоѓа во базата на податоци.
Од 2017 година на граѓаните и постојаните жители автоматски им е запишана биометријата на лицето и ирисот кога ќе го земат нивниот нов пасош. Според нивните податоци, речиси 70 отсто од граѓаните постари од шест години што имаат пасош имаат впишани и свои биометриски податоци. Тоа добро ќе им дојде во 2020 година бидејќи тогаш нема да им биде потребен пасош.
Дека ова функционира покажаа тестирањата на аеродромот „Џуел Чанги“ во Сингапур, кои почнале уште минатата година. Засега жителите на Сингапур сѐ уште мора да го скенираат својот пасош.
Скенирањето на очите и лицето се извршува без физички контакт и овозможува побезбедна и поефикасна проверка на идентитетот. Интересно е тоа што иако плановите за воведување
биометриска идентификација почнале пред три години, пандемијата дополнително ја забрзала реализацијата, со што им овозможила повеќе време да посветат на едукација на персоналот и изработка на самите процедури.
Извор:
Boingboing.net
Фото: Freepik