Заев: Владата ја прифати иницијативата недела да биде неработен ден
Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.
Тој додаде дека Министерството за труд и социјална политика има рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање.
-Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање. Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе - напиша Заев.
Фото: vlada.mk