За Аљбина Рамадани - првенец на медицински при ДУТ, Благојче Лазаров - шеф на македонската делегација на Меѓународниот модел на ЕП... Што пишувавме неделава?

За Аљбина Рамадани - првенец на медицински при ДУТ, Благојче Лазаров - шеф на македонската делегација на Меѓународниот модел на ЕП... Што пишувавме неделава?

Годишно се трошат до 6.000 денари за литература - студентите учат од фотокопии, учебници купени на старо, а има и акции за подарување книги

Македонските студенти учат претежно од копирани книги, учебници, презентации, а за да ги намалат трошоците, фотокопиите често ги купуваат од студенти од претходните генерации. Има и хумани студенти или дипломци кои ги донираат книгите или фотокопиите што не им требаат, но и такви кои ги продаваат за да заработат некој денар и да го надополнат и онака скромниот студентски буџет. Последните години студентите ги добиваат книгите и бесплатно онлајн, но за попрактична примена, некои од нив ги печатат. Според студентите, тие годишно трошат од 3.000 до над 6.000 денари за потребните учебни помагала и друга литература.

„Тоа што живеев во различни земји ми ја разбуди љубопитноста за дипломатијата“, вели Благојче Лазаров, шеф на македонската делегација на Меѓународниот модел на ЕП

Петмина ученици од средното училиште НОВА од Скопје учествуваа на 60. издание на Меѓународниот модел на Европскиот парламент (iMEP), што се одржа од 12 до 18 октомври во Атина, Грција, а шеф на делегацијата на Македонија беше Благојче Лазаров, син на ракометната легенда Кире Лазаров. Овој настан е дел од активностите што ги организира Европската Унија со цел да ги мотивира младите да се занимаваат со политика, дипломатија и меѓународни односи.

„Студирањето медицина беше најтешко и најубаво нешто во исто време“ , вели Аљбина Рамадани, првенец на Факултетот за медицински науки на ДУТ

Аљбина Рамадани, заедно со Анастасија Петличковска и Бојана Кацарова, ја доби наградата „Примариус д-р Димитар Ивановски“ што секоја година Лекарската комора на Македонија им ја доделува на тројцата студенти со највисок просек на трите државни медицински факултети во рамките на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) и „Гоце Делчев“ во Штип (УГД).