„Деца против родители“ - нова игра што ги зближува членовите на семејството

„Деца против родители“ - нова игра што ги зближува членовите на семејството

Семејните вечери добиваат нова димензија со иновативната друштвена игра „Деца против родители“. Оваа игра е смислена да промовира комуникација, тимска работа и здрава конкуренција меѓу децата и возрасните, истовремено нудејќи многу забава и смеа.

Играта е натпревар меѓу два тима – децата и родителите, кои се соочуваат со предизвици и прашања. За дополнителна мотивација, секој натпревар завршува со договорена награда – од омилено јадење до домашни обврски.

Комплетот содржи: 40 картички со внимателно избрани прашања и задачи; Табла за игра; Коцка и две фигури; Практична кутија со димензии 20 х 20 х 4 см, што ја прави играта лесно пренослива и совршена за семејни дружби или подарок.



„Деца против родители“ е идеално решение за квалитетно поминато време дома. Покрај забава, играта поттикнува креативност, развива критичко размислување и ги зближува членовите на семејството.

Играта е во продажба во продажните катчиња на „Светот на Биби”, на електронската продавница www.svetotnabibi.mk и наскоро низ цела Македонија!

Започнете го натпреварот и дознајте кој е вистинскиот шампион во вашето семејство – децата или родителите!

(Комерцијална објава)