Каде почесто ќе се гледа аурора бореалис во 2025 година? Ова се топ-4 дестинации

Каде почесто ќе се гледа аурора бореалис во 2025 година? Ова се топ-4 дестинации

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Единаесетгодишниот соларен циклус го достигнува својот врв во 2025 година, што значи дека можеме да очекуваме почесто појавување на поларната светлина. Ако патувањето во област со  аурора бореалис е на вашата листа, време е да се упатите на север бидејќи научниците и експертите за патувања ја наведуваат следната година како една од најперспективните за таа цел, особено во близина на Северниот Пол.

Откријте ги дестинациите со најдобри шанси за спектакуларни прикази на поларната светлина. Од величествените фјордови во Норвешка до висорамнините на Шкотска, овие региони гарантираат и неверојатни пејзажи.

Исланд

Земјата на огнот и мразот е полна со природни чуда, а обоеното небо ја прави уште помагична. Планирајте ја вашата посета во септември или март околу рамнодениците кога сончевата активност е зголемена, или во зима кога ноќите се долги и темни.

Малото село Лаугарватн може да се пофали со некои од најубавите пејзажи во земјата.

Норвешка


Норвешка се смета за едно од најдобрите места во светот за набљудување на поларната светлина. Тромсо, најголемиот град северно од Арктичкиот Круг, е одлична база: останете овде една недела во зима и речиси сигурно ќе ја видите поларната светлина.

Канада


Можеби уште поголема гаранција за сензационални глетки се канадските северозападни територии, кои се наоѓаат во центарот на поларната светлина. Во Јелонајф, домот на домородните луѓе Дене, имате 98 отсто шанси да го видите небото како свети од средината на август до крајот на септември. Зимата е исто така сигурен период.

Шкотска


Иако не се наоѓа во Арктичкиот Круг, Шкотска се протега доста далеку на север и честопати е почестена со поларната светлина во есен и во зима.

Извор: svijetkulture.com

Фото: Freepik