НЛБ Фондови вработува финансиски советник во продажба
Поради зголемен обем на работа, Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје (членка на НЛБ групација), има потреба од понатамошен развој и кандидати за следната работна позиција:
ФИНАНСИСКИ СОВЕТНИК ВО ПРОДАЖБА
Услови:
• Високо образование
• 3 години работно искуство
• Добро познавање на англиски јазик
• Познавање на MS Office
• Комуникациски и презентациски вештини
• Разбирање на деловни процеси
• Возачка дозвола Б категорија
Работни задачи:
• Водење, унапредување и промоција на продажбата;
• Остварување на деловни состаноци и презентации;
• Подготовка на понуди за клиентите;
• Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
• Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
• Истражување и анализа на можности за продажба;
• Следење и постигнување на финансиски резултати и таргети;
• Маркетинг и промоција на производи преку директна комуникација со клиенти и преку присуство на настани;
• Подготовка на извештаи.
Способности и вештини:
• Способност за стратешко размислување
• Комуникативност
• Напредни аналитички способности
• Одлична способност за управување со проекти
• Способност за работа во динамична средина
• Како предност се смета познавање од финансии и услуги за финансиски институции
• Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост
• Висока мотивираност и желба за надградба во полето на работа
• Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи
Нудиме:
• Динамична работа;
• Воведување во работата со обука;
• Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
• Развој на кариерата низ соодветен тренинг;
• Професионализам;
• Бонуси од остварен учинок;
• Работното време за оваа позиција е пон-пет 08:00-16:00
Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за понатамошно продолжување на договорот.
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса:
elena.stevanoska@nlbfondovi.mk, најдоцна до 20.12.2024 година.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју. Изборот на кандидатот ќе биде извршен во рок од 30 дена по завршување на огласот.
За сите прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност кое може да го најдете на следниов линк:
Известување за приватност, или контактирајте го Офицерот за заштита на личните податоци на следнава е – адреса:
marija.lozevska@nlbfondovi.mk .