Поларната светлина приреди вистински спектакл над Исланд

Поларната светлина приреди вистински спектакл над Исланд

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Природата создава многу спектакли што нè воодушевуваат, а поларната светлина е меѓу најспектакуларните. Денес имаме среќа што со помош на социјалните медиуми и интернетот имаме шанса да видиме голем број од нив, доколку не можеме да си дозволиме да ги посетиме локациите.

Танцувачката светлина на аурора бореалис е предизвикана од судир помеѓу наелектризираните честички од Сонцето што влегуваат во атмосферата на Земјата. Тие можат да бидат видени над магнетните столбови на северната и јужната хемисфера. Магичните светла се нарекуваат аурора бореалис на север и аурора аустралис на југ.

Драматичните фотографии од овој феномен, направени во Калдарсел од фотографот Халигримур П. Хелгасон, го воодушевија светот.

Тие покажуваат уникатен момент кога поларната светлина направи форма на феникс. Во митологијата оваа птица се смета за симбол на бесмртноста бидејќи се крева од пепeлта.

1

Од неговите слики, масивниот феникс изгледа како да се крева од земјата и да лета над Исланд.

Хелгасон објаснува дека ја видел формата на величествената птица по еден час откако пристигнал, па веднаш почнал да фотографира.

- Неверојатно е да се фотографира аурора бореалис, особено кога е толку разиграна. Морам да признам дека секогаш добивам наплив на адреналин кога ќе се распрсне светлината - вели тој.

2

3

Значењето на поларната светлина се толкува на различни начини во различни култури. Во норвешката митологија се верува дека поларната светлина била создадена од одразот на штитовите и оклопите на Валкири. Овие жени-воини одлучувале кој ќе умре во битка, а кој треба повторно да се бори.

Се верува дека аурора бореалис е „мостот Бифрост“, блескав и неверојатен лак што ги води оние што паднале во битката до Валхала, последното место за одмор на воините.

Од друга страна, домородците Сами верувале дека поларната светлина е составена од нивните предци, кои дошле да ги посетат. Финците верувале дека мистична лисица ја создала поларната светлина кога нејзината мека опашка прскала снег и фрлала искри на небото. Индијанците од Источна Канада веруваат дека тоа се човечки духови кои танцуваат на небото, додека Инуитите веруваат дека тоа е танц на животинските духови.

4

5

6