Области со најсурова зима: Ова се најстудените руски градови

Области со најсурова зима: Ова се најстудените руски градови

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Додека сме удобно сместени во вашите домови, уживаме во топлината и велиме дека ја обожаваме зимата, можеби треба да размислиме како изгледа животот во области каде што зимата е навистина сурова.

Ова се некои од најстудените градови во Русија.

Селото Ојмјакон, Јакутија




Најниската забележана температура некогаш на земјата изнесува -71,2 Целзиусови степени. Оваа температура била забележана во официјално најстуденото место на светот.

Станува збор за Ојмјакон, село во истоимениот регион на подрачјето на Сибир. Ова село се наоѓа на територијата на Република Саха, односно Јакутија.

Во Ојмјакон живеат околу 500 луѓе. Повеќето од нив се занимаваат со риболов, но и сточарство. Градот се наоѓа во близина на Северниот Пол.

Јакутск, главниот град на Јакутија, Русија


Околу 1.100 километри го делат овој град од Ојмјакон, а околу 4.900 од главниот град на Русија. Во Јакутск живеат околу 270.000 жители.

Водата од реката Лена, која поминува низ градот, жителите ја користат за сите потреби. Минималните температури се карактеристични за јануари, кој се смета за најстуден месец, иако и февруари е прилично студен.

Најтопло е во текот на јули, кога температурата може да се искачи над 30 степени.

Градот Верхојанск, на реката Јана



За титулата најстуден град на светот се борат сибирскиот Верхојанск и претходно споменатиот Ојмјакон. И тој се наоѓа во Јакутија, а е оддалечен од главниот град околу 670 километри.

Во 1892 година, во текот на јануари и февруари била забележана температура од -69,8 степени.

Иако се сметаат за најстудени градови на светот, жителите се приспособени на овие екстремни услови.

Носат облека направена од кожата на ирвасите, автомобилите не се гасат по цела ноќ од страв дека наредниот ден нема да можат да ги запалат. Но, што и да прават, сосема е јасно дека сите жители на споменатите градови и села пронашле начин да го усогласат живеењето со природата.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Prinstscreen/YouTube