Нова технологија ги намалува турбуленциите за 80 отсто

Нова технологија ги намалува турбуленциите за 80 отсто

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Австриската компанија „Турбуленс солушнс“ е стартап-компанија која развива нови технологии за намалување на турбуленциите при летањето за 80 отсто. Компанијата веќе има нарачки за технологијата, а целта е да стане масовно употребувана во следните години.

Компанијата стана популарна во октомври откако објави видео од тест-лет со технологијата за намалување на турбуленциите.



Како функционира?

Главниот извршен директор на компанијата, Андрас Галфи, објаснува дека технологијата функционира на тој начин што ги мери податоците за околината пред авионот и потоа применува сила за да се спротивстави на турбуленциите.

За откривање турбуленции се користат различни сензори, а врз основа на тие податоци технологијата го менува обликот на крилата на авионот и контролните површини за да обезбеди помирно летање. Галфи вели дека големината на авионот нема да влијае врз технологијата.

Извор: Simple flying
Насловна фотографија: Pixabay