Стивен Кинг го напушти „Фејсбук“ и ги предупреди другите корисници
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Стивен Кинг го избриша својот фејсбук-профил и изрази загриженост поради ширењето лажни и непроверени информации и нарушувања на приватноста на оваа социјална мрежа.
- Го напуштам „Фејсбук“ - напиша Кинг во петокот на својот твитер-профил.
- Не ми е пријатно поради поплавата на лажни информации во текот на политичкото огласување на оваа социјална мрежа и не сум уверен дека е добро заштитена мојата приватност. Ако сакате, можете да продолжите да ме следите на „Твитер“ - напиша тој.
По изјавата неговиот фејсбук-профил беше избришан.
Кинг, кој има напишано повеќе од 50 книги, најпознат е по своите дела од жанрот хорор и фантазија, од кои голем дел се адаптирани во филмови и телевизиски серии.
Но, 72-годишниот писател е и политички активен и отворено зборува за неговите ставови во врска со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Фејсбук“ им овозможува на корисниците да објавуваат огласи и да таргетираат специфични групи корисници. Некои сметаат дека таквите огласи од политички вид може да го поткопаат јавниот дискурс.
Од друга страна, „
Твитер“ во октомври објави дека ќе престане да објавува политички реклами.