Амстердам ќе го премести Црвениот кварт надвор од градот
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Амстердам планира да го премести таканаречениот Црвен кварт на нов „еротски центар“ надвор од центарот на градот, но сè уште не се знае неговата нова локација.
Ова се прави во рамките на планот за менување на туризмот, претставен од Фемке Халсема, градоначалничка на Амстердам. Целта е центарот на градот да биде подобар за живот и да се намали туризмот на дроги, според локалните медиуми.
Халсема долго се борела против функционирањето на Црвениот кварт, а во 2019 ветила дека ќе го реши проблемот со понижување на жените од страна на туристите.
Друг предлог на Халсема е да им забрани на туристите да ги посетуваат
познатите „кофи-шопови“ во Амстердам, во кои може да се набават производи што содржат канабис. Таа верува дека овие места се успешни поради туристите, но со нив се зголемуваат криминалните дела поврзани со тешки дроги.
Речиси секој голем град има „црвен кварт“, но никој не е како оној во Амстердам, во кој борделите и користењето на марихуаната се легални. Некои туристи го посетуваат Амстердам само за да го видат овој кварт.
Автор: Кети Адамс
Извор:
independent.co.uk
Фото: Pixabay