Невреме претвори еден американски град во замрзнато кралство
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Невреме замрзна цел град во државата Њујорк, САД. Жителите на Хамбург, кој се наоѓа покрај езерото Ири на границата помеѓу САД и Канада, викендот кога се разбудиле, откриле дека нивните домови биле покриени со дебели слоеви од мраз.
Ветрот предизвикал брановите од езерото да стигнат до домовите, а температурата била под нулата. На фотографиите градот изгледа како сцена од филмот „Замрзнатото кралство“.
Еден жител на градот изјавил за медиумите дека е темно во внатрешноста на домовите, а во дворовите има мраз висок и до три метри. Мразот на куќите изгледа нереално, но некои жители се загрижени дека тоа може да им ги оштети куќите, особено кога мразот ќе се стопи.
- Прекрасно изгледа, но не сакам пак да го живеам ова - изјавил еден жител.
Извор:
Independent.co.uk
Фото: Screenshot/Instagram