Паднал дел од спуштен плафон во интернатот „Здравко Цветковски“. Нема повредени ученици

Паднал дел од спуштен плафон во интернатот „Здравко Цветковски“. Нема повредени ученици

Дел од спуштениот плафон во делот за туширање во средношколскиот ученички дом „Здравко Цветковски“ во Скопје синоќа паднал. За среќа, немало повредени ученици.
Проблемот е саниран уште рано утрото, ни одговори директорот на домот, Зоран Арсовски.
- Нашата зграда е стара од 1972 година. Едно време имаше пукната цевка и течеше вода и кога се исуши ѕидот паднал малтер и дел од хантер дагласот (спуштен плафон) – објаснува Арсовски.
Како што дознаваме, во моментот кога се случил инцидентот имало едно девојче, кое за среќа не е повредено.