Најдобрите платформи за онлајн-учење

Најдобрите платформи за онлајн-учење

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Онлајн-учењето за многумина беше нешто непознато до неодамна. Сега речиси секој од нас е принуден да се запознае со платформите за учење преку интернет или барем познава некој што морал да продолжи со образованието онлајн.

Во моментов речиси сите факултетски предмети се предаваат онлајн. За оние што сакаат дополнително знаење, на интернет постојат платформи кои содржат многу содржини од разни теми. За почеток, во продолжение се три најпопуларни платформи за онлајн-учење.


Фото: Pixabay

Најдобра за студентите: „Јудеми

Платформата нуди над 150.000 курсеви на 65 јазици од најразлични области. Форматот на курсевите на оваа платформа не е ист кај сите курсеви бидејќи некои предавања вклучуваат само аудио или видеосодржини, а некои нудат и тестови. Инструкторите ги создаваат сите курсеви, а цената за курсевите варира. Курсевите на платформата може да се следат и од телефон.

Најдобра за креативци: „Скилшер

Платформата нуди видеокурсеви во разни области, како анимација, дизајн, илустрирање, фотографија, филм, бизнис и пишување. Курсевите се создадени и водени од уметници, автори и други креативци. Потребно е зачленување за користење на платформата, а тоа просечно чини околу 8,25 долари месечно. „Скилшер“ нуди платени и бесплатни курсеви.


Фото: Pixabay

Најдобра за студентите: „Курсера

„Курсера“ е платформа за онлајн-учење која нуди универзитетски курсеви и програми со кои може да добиете и диплома. Може да се најдат разни курсеви од речиси сите области. На платформата има над 4.000 курсеви од над 200 универзитети и компании, меѓу кои и универзитетот „Јејл“ и „Гугл“. Платформата нуди платени и бесплатни курсеви.

Автор: Девон Делфино
Извор: forbes.com