Мала куќичка во австралиска шума создадена од рециклирани материјали
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Структурите во вид на буквата А се чини како да се минато и потсетуваат на ера која е заменета со правоаголни модерни домови. Но, токму оваа носталгична привлечност ги прави совршени.
Наменета за мал број луѓе, скриена во австралиските шуми,
куќата на дрво наречена „Крамп трихаус“ е маѓепсува на прв поглед. Со каучуково дрво од едната страна и ритче од другата страна, куќата е опкружена со зеленило. Има еколошката кабина изработена од рециклирани материјали од страна на „Крамп архитектс“.
Материјалите што се користеле за изградба на оваа куќа се набавени од разни локални извори, вклучувајќи демолиран автомобил и други стари конструкции што требало да се расклопат.
Фасадата на куќата овозможува прекрасен поглед заедно со природната светлина. Нудејќи приватност и комбинирајќи дизајн за деца и спокоен амбиент, оваа куќа е вистинско богатство.
Извор:
Decoist.com
Фото: Decoist