Како изгледа будењето во Северна Кореја? Песната со која го започнуваат денот звучи како кошмар

Како изгледа будењето во Северна Кореја? Песната со која го започнуваат денот звучи како кошмар

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Речиси 20 години жителите во Северна Кореја се будат со застрашувачка мелодија која секое утро одекнува низ улиците. Овој звучен аларм, кој стана препознатлив дел од секојдневниот живот во Пјонгјанг, започна во 2011 година и оттогаш редовно се пушта во шест часот наутро.​

Звукот стана толку доминантен, што многу жители сметаат дека е невозможно да се избегне.​

Демократската Народна Република Кореја, позната по својата тоталитарна власт под династијата Ким, е позната по контроверзни и необични практики. Песната која секое утро им се пушта на жителите на главниот град Пјонгјанг е дел од создавањето атмосфера под власта на Ким Џонг-ил. Во оваа диктаторска земја мелодијата не е само аларм за будење, туку и симбол на режимот кој владее.​

Актерот Мајкл Палин, од Монти Пајтон, ја посети Северна Кореја и го сними овој звучен феномен опишувајќи го како најчудниот начин на будење. Неговата реакција беше дека песната е толку вознемирувачка, што не можете да избегате од неа.

Песната која секое утро одекнува низ Пјонгјанг се вика „Каде си, драги генерале?“ и најверојатно ја компонирал Ким Џонг-ил во 1971 година како дел од операта „Вистинска ќерка на партијата“. Во операта, воената сестра Канг Јеон-ок го изразува својот сон за средба со Ким Ил-сунг, основачот на Северна Кореја и татко на поранешниот владетел Ким Џонг-ил.



Извор: Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube