„Милициско југо“ низ улиците на Њујорк - погледнете го видеото
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Улиците на Њујорк добија неочекуван ретро-шмек кога низ нив помина „југо“ со натпис „Милиција“ и регистарски таблички на кои стои зборот „Кумара“.
Необичната сцена беше објавена на социјалните мрежи од страна на страницата „Подгорички времеплов“, која пренесе видеоснимка што ја испратил Алекс Ѓуричиќ.
- Веројатно најсилниот момент што сум го доживеал во Америка, а навистина имаше многу вакви моменти оваа година - напиша Ѓуричиќ, додека во опис на видеото стои: - Брат со „југо“ среде Петтата авенија, со таблички „Кумара“. Победа! Сега можам мирно да си одам дома и да кажам дека сум доживеал буквално сè. Ова е доказ дека Балканец може да направи шоу каде и да се појави. Што велите, дали ова е врвот на американскиот сон?
Настанот предизвика многубројни реакции, а многумина се согласија дека ваква сцена навистина може да приреди само некој од Балканот, каде и да е.
Фото: Instagram