Ова се најдобрите европски земји за млади луѓе

Ова се најдобрите европски земји за млади луѓе

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ново истражување ги разгледало факторите како стапката на невработеноста, цените на кирија, криминалот, образованието и среќата во секоја земја членка на ЕУ. Еве кои се најдобрите.

Постојат многу фактори што влијаат врз тоа дали едно место е погодно и вредно за живот, особено ако сте млади. Покрај одличната понуда на уметност и култура, храната и пијалаците по пристапни цени, како и добрата ноќна сцена, местото што го одбирате за живот треба да биде погодно, безбедно и да има среќно опкружување. Токму тоа било истражувано во новото истражување.

Апликацијата за патување „Алроик“ ги анализирала различните фактори во секоја земја членка на ЕУ, од стапката на невработеност до цените на кириите, криминалот, образованието и среќата. Дури бил разгледан и индексот за плата за секоја земја, а потоа биле анализирани сите овие податоци за да ги рангираат сите 27 земји според условите за живеење.

Највисоко на листата е Холандија, која неодамна беше прогласена и за најдобра земја за „воркејшн“ (работење на одмор). Таа се истакна благодарение на силниот образовен индекс, ниските стапки на невработеност и високата среќа (7,32), што ја стави на третото место на листата.

На второ место е Австрија, а на трето место Полска.

Најдобрите 10 европски земји за млади луѓе:

1. Холандија
2. Австрија
3. Полска
4. Кипар
5. Луксембург
6. Финска
7. Чешка
8. Романија
9. Германија
10. Данска

Извор: Timeout.com
Фото: Freepik