Како терапевтските кучиња помагаат во учењето
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Стресот во текот на студирањето може да се намали доколку минувате повеќе време со животните, покажува едно американско истражување.
Сè повеќе универзитетски кампуси одлучуваат во понудите да стават и дружење со терапевтски кучиња.
Патриша Пендри од Универзитетот во Вашингтон вели дека нејзината студија покажала дека дружењето со кучиња им помогнала на многумина да се ослободат од стресот.
Истражувањето во кое учествувале 300 редовни студенти покажало дека дружењето со кучињата им помага да се чувствуваат опуштено и прифатено. Повеќето рекле дека кучињата им помогнале подобро да се концентрираат и да ги запомнат информациите.
- Студентите што имаат проблеми со менталното здравје се најизложени на ризикот и токму тие имаат најголема корист - вели Пендри.
Во САД околу илјада кампуси користат терапевтски миленици.
Во Велика Британија Универзитетот „Бакингем“, Лондонскиот универзитетски колеџ, „Кембриџ“, Универзитетот „Трент“ во Нотингем, Универзитетот „Метрополитен“ во Лондон и Универзитетот во Свонси исто така имаат кучиња кои им помагаат на студентите да се ослободат од стресот.
Претходно истражување покажа дека галењето домашни миленици може да го намали нивото на хормонот на стресот.
- Изгледа дека постои нешто специфично во врска со намалувањето на анксиозноста при галењето животни - вели Пендри.
Според професорката Ненси Џи, психолог од Државниот универзитет во Њујорк, луѓето не го разбираат целосно функционирањето на сето ова. Таа вели дека учениците се чувствувале посмирени и дека повеќе се дружеле со другите.
Според неа, само гледањето во животното може да донесе убаво
однесување.