Кампување во шатори кои изгледаат како солза

Кампување во шатори кои изгледаат како солза

Подготвил: Тамара Гроздановски

Ова лето е многу поразлично од било кое друго досега, па затоа луѓето се обидуваат да го направат што е можно подобро. Голем дел бараат убави места што се вредни за посета и забавни активности што би можеле да ги практикуваат додека ги почитуваат препораките за социјално дистанцирање.

Така на пример, Белгија ви нуди ново патувачко искуство во форма на солза - шатори што висат од дрвјата.

Колекција од овие шатори за првпат била дизајнирана во 90-тите од холандскиот дизајнер Дре Вапенар за да ги поддржи активистите за животната средина кои се обидуваа да го спречат сечењето на дрвјата. Но сега, шаторите можат да бидат изнајмени од било кој турист.

1

3

Шаторите моментално се наоѓаат во шума лоцирана во Борглон, Белгија, а секој шатор е опремен со кревет, клупа, место за складирање, прозорци и скала што им помага на гостите да влегуваат и излегуваат од шаторот.

- Обично шаторите се резервирани за цело лето, но оваа година, резервациите беа многу побрзи. Ако имавме повеќе шатори, и тие ќе беа резервирани секој ден во текот на јули и август. Верувам дека ова е така поради препораките на владата луѓето да патуваат во сопствената земја. Затоа, луѓето почнаа да бараат алтернативи за да престојуваат некаде - вели Кетрин Хоубеј, задолжена за туризмот во источниот град Борглон.

45

Цената за една ноќ во шаторот е околу 82 долари, а ќе може да се изнајмат

- Моите шатори се премногу скапи за комерцијално производство. Требаше да ги дизајнирам на различен начин ако сакав да продадам многу. Не сум добар дизајнер на производи, јас сум уметник - вели дизајнерот.

Во однос на локалните атракции, шаторите се наоѓаат близу замокот Хекс, така што гостите ќе можат да искусат и возење велосипед на необични патеки. „Возење велосипед низ вода“ е велосипедска патека што се простира низ едно од езерцата во областа Де Вијерс. Патеката е долга приближно 200 метри, широка 3 метри, а висината е поставена да биде на исто ниво со очите на велосипедистите.

1
Фото: Visit Limburg

Другата патека е наречена „Возење велосипед низ дрвја“ и претставува патека низ шумата во Босланд. Велосипедистите постепено возат низ кружна патека и уживаат во шумската околина. Патеката е 700 метри долга, а велосипедистите достигнуваат висина од 10 метри над земјата.

2
Фото: Visit Limburg

Извор: Bored Panda/ Lonely Planet
Фото: Flickr/borgloon.be