Ибица ќе плаќа странци да ги откриваат нелегалните забави

Ибица ќе плаќа странци да ги откриваат нелегалните забави

Подготвил: Драгана Петрушевска

Сакате да бидете платени за да одите на забава на Ибица? Сега тоа навистина може да се реализира, но ќе треба да работите за полицијата во Ибица.

Шпанската полиција бара странски државјани кои ќе им помогнат да ги откријат нелегалните забави. Според нив, се бараат странци бидејќи локалните жители веќе знаат како изгледаат локалните полицајци.


Фото: Pixabay

Ибица забранува одржување на приватни забави од 1 часот до 6 часот наутро за да се намали ширењето на ковид-19 на островот. На островот е забележан значаен пораст во новозаразени лица откако се отворија границите за туристите во јуни. На крајот на јули, во просек биле регистрирани 991 случај дневно.

Затоа, полицијата бара странски државјани на возраст помеѓу 30 и 40 години кои ќе ги откриваат нелегалните забави што се организираат на островот.


Фото: Pixabay

Казните за организаторите на нелегални забави изнесуваат до 676.000 долари. Но големите казни не ги спречуваат жителите да организираат забави, туку ги принудиле да ги преместат забавите од локалите во приватните домови.

Извор: Insider