Оваа мапа открива кои се најпопуларните знаменитости во земјите во светот, а оваа е избрана за Македонија
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Осигурителната компанија „Олклиар“ создаде мапа од најпопуларните знаменитости во светот, а нејзините резултати беа засновани врз бројот на прегледи што секоја знаменитост ја добиваше не „Википедија“.
Компанијата состави листа со првите седум најпопуларни знаменитости во светот, а на првото место се најде Таџ Махал. Изградена во 17 век, палатата се смета за најголемиот дел од индо-исламската архитектура која некогаш била изградена, а собра повеќе од 28 милиони прегледи.
Втора најпопуларна е највисоката зграда во светот, Бурџ Халифа, која се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати, со над 23 милиони прегледи на „Википедија“.
На трето место се најде Монт Еверест. Највисоката планина во светот се наоѓа на границата меѓу Кина и Непал, а на неа секоја година се искачуваат околу 800 луѓе. Статуата на слободата во САД со 19 милиони прегледи се најде на 4. место, додека Кинескиот ѕид ја заокружува петорката со 17 милиони прегледи.
Кога станува збор за нашата земја, најпопуларната знаменитост во Македонија е Охридското Езеро во Охрид, а претставници на соседните земји на оваа листа се: Стариот мост во Мостар, Босна и Херцеговина, црквата „Свети Сава“ во Србија, Плитвичките Езера во Хрватска и Которскиот Залив во Црна Гора.
Африка/Фото: All Clear
Азија/Фото: All Clear
Европа/Фото: All Clear
Јужна Америка/Фото: All Clear
Океанија/Фото: All Clear
Северна Америка/Фото: All Clear
Извор:
Klix.ba
Фото: All Clear