Преку веб-страница може да барате скриени планети за НАСА
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
НАСА штотуку претстави нов проект во кој бара помош од јавноста во пронаоѓањето нови егзопланети. Во рамките на проектот „Планет патрол“ се бара од волонтерите да бараат фотографии направени со сателитот ТЕСС на НАСА. Вселенската агенција се сомнева дека има скриена егзопланета на фотографиите.
Ваквата работа би можела да се автоматизира, но автоматизираните методи за обработка на податоци од сателитот понекогаш не успеваат да откријат скриени егзопланети, објаснува Веселин Костов, истражувач во НАСА кој го води проектот.
Фото: Pixabay
- Човековото око е исклучително добро за забележување вакви скриени планети и потребни ни се граѓаните да ни помогнат да разликуваме вистински планети од такви што наликуваат на планети - вели Костов.
Веб-страницата може да ја најдете
овде.
„Планет патрол“ не е единствениот проект што работи со податоци од
сателитот ТЕСС на НАСА. Во друга иницијатива наречена „Планет хантерс ТЕСС“ граѓаните исто така бараат егзопланети, но ги анализираат податоците на различен начин.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com