Дали знаете зошто никогаш не треба да ја потпирате главата на прозорецот во авион?
Кој од нас не заспал во авион со главата потпрена на рамката од прозорецот? Тоа е вообичаена навика, но можеби не е добра идеја, предупредува стјуард.
- Прозорецот е повалкан отколку што мислите. Всушност, прозорецот и површините во негова близина можат да содржат многу микроорганизми - објаснил микробиологот Џејсон Тетро.
И тие не се оние што би ги очекувале. Областа околу прозорците на авионот може да биде почва за бактерии како „Staphylococcus aureus“, како и вируси на грип и други кои можат да преживеат на површини неколку часа.
Ако заспиете таму, можеби се потпирате на метицилин резистентна „Staphylococcus aureus (МРСА)“, која може да преживее околу една недела на рамката на прозорецот.
Како што можеби сте слушнале, таа бактерија е отпорна на многу антибиотици, што може да предизвика сериозен здравствен проблем.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik