Носењето маска може да ги спаси Финците од казна за брзо возење

Носењето маска може да ги спаси Финците од казна за брзо возење

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во Финска има околу 300 камери што прават помеѓу 1.000 и 3.000 фотографии од автомобили што возат брзо секој ден

Во случај на сообраќајни прекршоци, автомобилите можат да се следат врз основа на регистарските таблички; сепак, новиот акт за патен сообраќај што стапи во сила оваа година ја спречува полицијата да преземе мерки против возачот што направил прекршок без соодветен доказ за идентификација.

Неможноста да се идентификува возачот е честа основа за отфрлање случаи на пребрзо возење и други сообраќајни прекршоци. Додека карактеристики на лицето како бенки, лузни и тетоважи ја олеснуваат идентификацијата на возачот, лошиот квалитет на сликата и темнината се фактори што можат да го спречат овој процес. Откако законот стапи во сила, половина од сликите завршија во ѓубре бидејќи не можело добро да се види возачот.

Неодамнешните препораки за маски издадени од владата исто така  го зголемија проблемот со идентификацијата на сообраќајната полиција. Сообраќајните камери низ Финска забележуваат сè поголем број слики каде што лицето на возачот е скриено.

Кога маската се носи правилно, таа целосно ги покрива устата и носот, откривајќи ги само очите. Ова го отежнува идентитетот на лицето врз основа на снимките од камерата.

- Ако некој сака да вози со маска од коњ, тогаш тоа е негово право. Исто така, ако маската за лице се носи правилно, не можеме да направиме ништо во врска со тоа - вели Денис Пастерстејн, шеф на безбедноста во сообраќајот на финската полиција.

Бидејќи се издадени упатства насочени кон спречување на ширењето на вирусот, стотици фотографии направени од овие системи за надзор се сметаат за неупотребливи бидејќи лицето на возачот е покриено со заштитна маска. Бројот сигурно ќе се зголеми како што луѓето ќе откриваат дека освен од вирусот, маската штити и од казни за брзо возење.

Извор: Helsinkitimes.fi
Фото: Freepik