Нови дојави за поставени бомби, во тек се проверки во четири училишта

Нови дојави за поставени бомби, во тек се проверки во четири училишта

Во СВР Скопје денеска околу 14 часот е пријавено дека на е-адреси на четири (до овој момент) училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

- Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот - потврдија за МИА од МВР.

Извор: МИА