Фотографии од Русија пред револуцијата што го откриваат живописното минато на земјата
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Речиси 2 века Руската Империја била толку голема, што и покрај тоа што долго време е распарчена, Русија останува најголемата земја во светот до денес.
Еден човек имал можност да патува низ неа и да ја фотографира пред стотина години. Благодарение на овој човек, можеме да видиме како изгледала богатата империја.
Сергеј Прокудин-Горски бил научник со страст кон фотографијата и создал стотици живописни фотографии. И веројатно ќе останел само уште еден непознат фотограф ако не направел една фотографија: на едно од неговите патувања тој фотографирал еден од најпознатите руски автори, Лев Толстој.
Така, неговото име како сликар брзо се раширило. Неговите фотографии дури го воодушевиле царот на Русија, Николај Втори, кој го поканил во својата палата за да ја види неговата работа. Откако ги разгледал фотографиите, тој му дал задача да ја фотографира Руската Империја.
Експедицијата траела 6 години, од 1909 до 1915 година, така што фотографот го сметал за проект на својот живот. Благодарение на неговата техника на фотографирање, тој успеал да фати моменти од земјата пред револуцијата.