Дали се будите 5 минути пред да ѕвони алармот? Науката има објаснување зошто се случува тоа
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Сигурно ви се случило да се разбудите пред алармот, изнервирани затоа што сте „лишени“ од неколку минути сон. Но, дали некогаш сте се запрашале што го предизвикува тоа?
Науката има објаснување, а виновник е вашиот „телесен часовник“ или „внатрешен часовник“, како и протеинот ПЕР, кој го регулира циклусот сон-будење.
Нивото на наведениот протеин се зголемува и опаѓа во текот на денот. Кога нивоата на ПЕР се ниски, крвниот притисок се намалува, отчукувањата на срцето забавуваат, телесните функции забавуваат и се чувствувате поспано.
Ако постојано се придржувате до распоредот за спиење, вашето тело ќе се приспособи и ќе го подигне нивото на протеини пред да се вклучи алармот.
Кога спиењето станува полесно?
Околу еден час пред да се разбудите, нивото на ПЕР се зголемува, заедно со телесната температура и крвниот притисок. Подготвувајќи се за новиот ден, телото ослободува кортизол (хормон на стрес).
Како резултат на тоа, вашиот сон постепено станува „полесен“, па се будите пред да се вклучи алармот.
Кога би ги отвориле очите поради алармот, тоа би предизвикало одреден стрес, па телото прави нешто несекојдневно. Постепено го зголемува нивото на ПЕР и доведува до будење неколку минути, па дури и секунди, пред ѕвонењето на алармот.
Извор:
Telegraf.rs
Фото: Freepik