Кошаркарскиот робот на „Тојота“ дал кош од најголема далечина досега

Кошаркарскиот робот на „Тојота“ дал кош од најголема далечина досега

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Проектот „CUE“, кој го спроведува „Тојота мотор корпорација“ како дел од нејзиниот центар за истражување и развој од 2017 година, влезе во Гинисовата книга на невообичаени светски рекорди. Како дел од тој проект бил развиен хуманоидниот робот „CUE6“, поддржан од вештачка интелигенција и напредни роботски системи. Една од задачите со кои ги покажал своите можности е ставање топка во кош.

Роботот најпрво бил направен од лего-коцки, а со текот на годините бил усовршуван и проширен. Така, во 2019 година влегол во Гинисовата книга на рекорди за најмногу последователни кошаркарски слободни фрлања, со речиси неверојатни 2.020 успешни обиди. Тоа била верзија на роботот наречен „CUE3“, а сега неговиот наследник „CUE6“ се покажал на кошаркарските терени.

На крајот од септември тој ја ставил топката во кошот од најдолгото регистрирано растојание за робот. Ја погодил целта од 24,55 метри, речиси преку целиот НБА-терен, кој е долг 29 метри. Роботот може да учи од своите обиди, да го приспособи фрлањето, да шутира од различни позиции, да ја фати топката и да ја води. Благодарение на машинското учење, „CUE6“ самостојно ја научил и адаптирал техниката на фрлање за рекорден кош - постигнат од вториот обид.


За споредба, рекордното растојание од кое еден човек постигнал кош е 34,6 метри (рекордер за 2022 година е Џошуа Вокер). Ова значи дека тимовите на „Тојота“ сè уште имаат простор за подобрување, така што прецизноста на нивните системи може да се спореди со онаа на човекот. Проектниот менаџер Томохиро Номи изјавил дека неговиот сон е да развие робот кој ќе може да забива како Мајкл Џордан.

Извор: bug.hr

Фото: YouTube screenshot