Познатиот физичар Брајан Кокс разбива една од најраспространетите теории за Земјата: „Тоа е чиста глупост“

Познатиот физичар Брајан Кокс разбива една од најраспространетите теории за Земјата: „Тоа е чиста глупост“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Професорот Брајан Кокс, познат физичар и поранешен музичар, успеал да ја побие теоријата за рамна Земја за помалку од една минута со една едноставна изјава. Кокс, кој пред неговата научна кариера бил клавијатурист во бендот „Д Рим“, сега е познат по популаризација на науката преку документарни филмови и книги.

Во виралното видео, Кокс одговарал на прашања за научни теми, кога наишол на прашање за теоријата на рамна Земја. Неговиот одговор бил директен и немилосрден:

- Нема апсолутно никаква основа да се мисли дека Земјата е рамна. Никој во човечката историја не мислел дека е рамна. Грците го измериле радиусот на Земјата. Не можам да замислам никаква причина зошто некој би помислил дека планетата е рамна.

Кокс додал дека едноставниот факт дека имаме фотографии од Земјата од вселената доволно јасно докажува дека планетата е сферична.

- Имаме слики. Јас сум без зборови, тоа е веројатно најбесмислениот предлог што може да го измисли човек што размислува. Тоа е глупост.

Професорот Кокс истакнал историски докази кои го поддржуваат фактот дека Земјата е тркалезна. Дури и старите Грци, како Ератостен, користеле геометриски методи за мерење на обемот на планетите. Неговата работа, стара повеќе од 2.000 години, е дополнително потврдена со современи научни докази.

И покрај овие непобитни докази, теоријата за рамна Земја сè уште има свои поддржувачи, вклучително и познати личности, како што е поранешниот боксер Карл Фроч. Фроч изјавил дека би верувал во сферичната форма на Земјата само доколку некој како Ричард Бренсон организира туристички летови во вселената, каде што луѓето би можеле да ја видат планетата со свои очи.

Побивањето на теоријата за рамна Земја од страна на Кокс ја нагласува важноста на научните докази за разоткривање на заблудите.

Дури и некои поранешни поддржувачи на теоријата за рамна Земја признале дека промените во нивните сопствени набљудувања или научни факти ги навеле да го напуштат тоа верување.

Извор: klik.hr

Фото: YouTube screenshot