„Тик-ток“ го ограничува користењето на филтрите за убавина

„Тик-ток“ го ограничува користењето на филтрите за убавина

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Тинејџерите се соочуваат со нови ограничувања поврзани со употребата на филтрите за убавина на „Тик-ток“ поради загриженоста од зголемената анксиозност и падот на самодовербата.

На сите лица под 18 години ќе им биде оневозможено вештачки да ги зголемат очите, усните, да ја измазнат кожата и да го менуваат тонот на кожата.

„Тик-ток“, кој има милијарда корисници, ги објави промените на безбедносниот форум во своето европско седиште во Даблин, а како што е наведено, ефективноста на ограничувањата ќе зависи од корисниците на платформата кои лажеле за својата возраст при регистрација.

Постои голема загриженост дека филтрите за убавина, некои создадени од самиот „Тик-ток“, а некои создадени од корисниците, резултираат со притисок врз тинејџерите, особено девојчињата. Некои млади луѓе опишуваат дека откако користеле филтри, не можеле да си го поднесат нивното вистинско лице.

„Тик-ток“ објави дека ги заострува своите системи за да ги блокира корисниците под 13 години од платформата. Пред крајот на годината ќе започне пробен проект на нови автоматизирани системи кои користат машинско учење за откривање луѓе кои лажат за нивната возраст.

Новaта заштита поврзана со филтрите за убавина и проверката на возраста е дел од бранот приспособувања за онлајн безбедноста што ги најавуваат социјалните мрежи пред да се применат построги регулативи во наредните месеци, со потенцијални високи казни за прекршување на правилата за безбедност на интернет.

Извор: The Guardian
Фото: Freepik