Новиот научнофантастичен филм на Џорџ Клуни е меѓу најгледаните на сите времиња на „Нетфликс“

Новиот научнофантастичен филм на Џорџ Клуни е меѓу најгледаните на сите времиња на „Нетфликс“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Не е секогаш лесно да се предвиди што ќе биде голем хит на „Нетфликс“. Иако е голема ѕвезда, Џорџ Клуни не е баш многу присутен на малите екрани во последно време.

Но неодамна тој режираше и глумеше во филм што за брзо време се најде меѓу најгледаните на сите времиња на „Нетфликс“. Неговиот нов филм „Полноќно небо“ стигна на првото место во дури 77 земји.

Стриминг-услугите не биле секогаш искрени во однос на бројот на гледачи. Неодамна публиката почна да добива податоци за филмовите што се наоѓаат на високите места. За разлика од киноблагајните, стриминг-услугите не кажуваат колку заработуваат нивните филмови и колку гледачи го избрале филмот. Сепак, понекогаш внатрешни извори успеваат да достават информации за тоа што се случува „зад завесата“. Во случајот со филмот на Клуни, веб-страницата „Deadline“ информира дека дури 72 домаќинства го гледале филмот во текот на првиот месец. Се чини дека ова го става филмот на Клуни на шестото место на листата со најгледани филмови на сите времиња на „Нефликс“.

Ако се прашувате зошто Џорџ Клуни го нема веќе подолго време, тој во интервјуа изјави дека не бил заинтересиран за филмовите што сега ги создава Холивуд. Со оглед на тоа што долго време е на телевизија и глумел во филмови, Клуни успеал да го рафинира својот вкус, па знае што сака. Позаинтересиран е да ја брка сопствената визија како режисер, актер и продуцент.

Па, како изгледа таа визија? Според рецензентите, стилот на режирање на Клуни е поврзан со поставување атмосфера и расположение. Клуни сака да снима големи празни места и сака да се задржува на неговите кадри.

Филмот на Клуни е базиран на книгата на Лили Брукс-Далтон „Добро утро, полноќ“. Станува збор за апокалиптична приказна за искупување. Филмот има прилично измешани рецензии.

Тогаш како успеа да го постигне тој успех? Дали е поради самиот успех на Клуни? Дали е затоа што луѓето бараат нешто ново? Можеби сите овие фактори се во игра. Можеби постои нешто убаво во големите кадри и тивкиот филм. Можеби постои нешто во визијата на Џорџ Клуни како уметник. Без оглед на волшебната формула, филмот привлече 72 милиони луѓе да кликнат на „Гледај сега“ во првиот месец.



Фото: Screenshot/YouTube