Забранети високи потпетици и правење селфи - необични правила воведени за туристите во 2023 година
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Одредени дестинации усвоија правила за однесување на туристите со цел да се справат со прекумерниот туризам и да ги зачуваат своите ресурси. Во продолжение се неколку невообичаени правила воведени во 2023 година.
Без крпи на плажите на Сардинија
На Сицилија властите забранија употреба на крпи на одредени плажи за да се намали уништувањето на песокот. Казните за непочитување на овие мерки се движат од 500 до 3.500 евра.
Забрането пливање во каналите на Венеција
Пливањето во каналите во Венеција е строго забрането, со дополнителни правила за возење велосипеди, скејтборди и скутери во центарот на градот.
Без музика на плажите во Португалија
На одредени плажи во Португалија е забрането пуштање музика на безжични звучници, а казните можат да бидат до 36.000 евра.
Фото: Freepik
Задолжително пливање во соодветна облека на Хвар
На Хвар, популарен остров во Хрватска, пропишано е носење костими за капење, а непочитувањето може да резултира со казна од 600 евра.
Задолжителен костим за капење и соодветна облека во Севилја
Во Севилја е строго забранета несоодветна облека во јавност, со казни за вулгарен егзибиционизам.
Забранети селфи-фотографии во Портофино
Во Портофино, популарен италијански приморски град, туристи биле казнети затоа што правеле селфи-фотографии со кои го блокирале градот, со што ги вознемириле локалните жители.
Забранети високи потпетици во Атина
Грчките власти забранија носење високи потпетици на Акропол, инсистирајќи на обувки што не ги оштетуваат спомениците. Забраната се прошири на храна и пијалак, особено на гумите за џвакање кои тешко се чистат.
Фото: Freepik