За успехот на Ана Јовковска, разговор со пејачката и гајдаџика Елена Јовческа, каде патуваат Македонците за празниците... Што пишувавме неделава?

За успехот на Ана Јовковска, разговор со пејачката и гајдаџика Елена Јовческа, каде патуваат Македонците за празниците... Што пишувавме неделава?

Истанбул, Сараево и Будва се најатрактивни дестинации за најлудата ноќ за Македонците, а голем интерес има и за Дубаи

Новогодишната ноќ е сѐ поблизу, понудите за славење се сѐ побогати, а прашањето: Каде за Нова година? се замени со прашањето: Каде ќе патувате за Нова година?
Декември по автоматизам значи месец за подготовка за најлудата ноќ во годината без разлика дали се слави во домашна атмосфера, ресторан, плоштад или во некое туристичко место во и надвор од земјава.

„Гајдата е наше богатство и наследство и треба да ја знаат сите идни генерации“ , вели Елена Јовческа, пејачка и гајдаџика

Традиционалната изработка на гајдата и свирењето на овој традиционален инструмент се впишани во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.
Меѓу оние уметници што ја поздравија одлуката на УНЕСКО да ја стави гајдата под заштита е Елена Јовческа, вокалист и музичар, која свири на гајда и на сцена не се појавува без овој традиционален инструмент.


Мојата динамична природа бара предизвици кои не се ограничени во рамки, во четири ѕида, во статус кво, но да се откорнеш од една професија и да се засадиш во нова носи ризик, ама и радост. Ти дава еден нов агол на гледање на професионалните работи, една свежа перспектива. Секогаш ме плашеле зачмаените средини, конзервативните заедници и лажните хиерархии. И кога и да почувствував дека во некоја средина повеќе не можам да растам и да летам, добивав потреба и храброст за промена, вели Ана.