Идеи како да го искористите вашиот стар мобилен телефон, таблет или лаптоп
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Во сета таа возбуда за најновиот модел на паметен телефон, помислете и на вашиот стар уред. Фрлањето во ѓубре не само што е залудно фрлени пари, туку е и лошо за природната средина. Наместо тоа, дајте му можност да ви биде од корист.
Ова се неколку идеи како можете да ги искористите старите уреди во вашиот дом.
1. Будилник
Доколку вашиот стар паметен телефон или таблет повеќе не поддржува најнови апликации или игри, тогаш тој може да ви служи како будилник, без разлика дали има вградена апликација или апликација која сте ја инсталирале. Оставете го уредот покрај вашиот кревет постојано приклучен на полнач и нема да имате проблем со батеријата. „Wake“ и „Good Morning Alarm Clock“ се само неколку од широкиот спектар на апликации кои даваат одлични
опции освен будилник.
2. Безбедносна камера
Со активна безжично поврзување и камерата во вашиот телефон, таблет или лап топ, можете да ги претворите овие уреди во безбедносна камера за вашиот дом. Апликациите како „Presence“ или „Manything“ ќе се погрижат за се`.
Исто така, можете да поставите одделна „Skype“ сметка на вашиот стар лап топ, а потоа да ја поставите програмата автоматски да прифати видео повици. На овој начин ќе можете од вашата канцеларија да следите што се случува во вашиот дом.
3. Е-читач
Без разлика на тоа колку бавен станал уредот, сигурно дека има капацитет да служи како едноставен е-читач. Апликациите како „Calibre“ и „Kindlе“ се одлични за оваа активност.
4. Радио
Дури и ако вашиот стар уред мора да стои на биро, вие сепак можете да го користите како радио благодарение на чудата на интернетот. Прилично секоја радио станица има онлајн стриминг до кој вие имате пристап. „TuneIn Radio“ е една од најдобрите апликации кои ќе ви завршат работа.
5. Пуштање музика
Друга функција која би можела да ја има секој стар уред е пуштање музика, без разлика дали станува збор за пуштање музика од интернет или од самиот уред. „Sonos hardware“ е одлична апликација која можете да ја инсталирате на самиот уред.
6. Медиа библиотека
Една од најчестите употреби на стар лап топ е медиа библиотеката или серверот. Ако ја складирате вашата библиотека од филмови, тв серии и музика на компјутерот, алатките за вмрежување вградени во „Windows“ и „macOS“ ќе ви овозможат да се поврзете со другите компјутери и уреди во вашиот дом.