Дали знаете какви мотиви има на монетите на еврото?

Дали знаете какви мотиви има на монетите на еврото?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Од 1 јануари 1999 година, 11 европски земји го лансираа еврото како нова, заедничка валута, а денес еврото го користат 19 земји на ЕУ и повеќе од 340 милиони Европејци. Но, малкумина размислувале за мотивите на монетите од еврото. Доколку погледнете одблиску, ќе најдете различни мотиви: животни, мотиви од природата, почитувани личности.  

Она што дефинитивно доминира кај монетите на еврото се животните, но има и мотиви од природата и уметноста. На пример, на француските монети од 1 и 2 евра има дрво на животот (дело на уметникот Хоаким Хименез), а овој мотив го симболизира животот, континуитетот и растот.

1
Германска монета/Фото: Freepik

Муфлонот се наоѓа на монетата на Кипар, со оглед на тоа што оваа земја е негово живеалиште, а Германците го избраа орелот како симбол на суверенитетот и Бранденбуршката порта - која ја сметаат за симбол на поделба, но и обединување.

Летонија избра портрет на латвиска дама, а Малта малтешки крст. Шпанија, се разбира, го избра својот познат писател и поет Мигел де Сервантес, додека Словаците на своето евро ставија замок од Братислава од 15 век.

шпанија
Шпанска монета/Фото: Freepik

Познато е дека Финците ја сакаат природата, па затоа оваа нација има флора и фауна на монетите од еврото. Белгија има портрет на кралот Филип, нејзиниот сегашен крал, а Холанѓаните имаат профил на кралот Вилем Александар, кој го презел тронот од мајка си пред речиси 10 години.

belgija
Белгиска монета/Фото: Freepik

Андора, меѓу другото, има и пиринејска дивокоза и златен орел, а Австријците го избрале Моцарт. Композиторот е прикажан на монета од 1 евро. Монетите од 10, 20 и 50 центи прикажуваат архитектонски дела во Виена.

avstrija
Австриска монета/Фото: Freepik

Грците го избрале приказот на Европа заробена од Зевс во форма на бик, а Италијанците се одлучиле за познатиот цртеж на Леонардо да Винчи, како и „Раѓањето на Венера“ од Ботичели.

italija
Италијанска монета/Фото: Freepik

Словенците го избраа портретот на поетот Франц Прешерен, кој ги повика овие луѓе на независност во средината на 19 век. Тука е и Триглав, кој е и на словенечкото знаме.

slovenska moneta
Словенска монета/Фото: Freepik

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik