Зошто богомолката го јаде својот партнер?
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Богомолката е класа на инсекти која опфаќа околу 2.000 различни видови. Таа е позната по своите раце како и специфичниот изглед на телото, но и на главата. Возрасните форми имааат крила, особено мажјаците кои почесто ги користат за летање во однос на женките. Женските форми се поголеми од машките.
Богомолката е позната по својата алчност и ненаситност, имено таа се храни со се’ што може да го совлада и изеде. Најпознат вид на богомилка е Sphodromantis viridis. Необичното тело тие го користат да се камуфлираат но и да се одбранат.
Нешто по што е најпозната богомолката е јадењето на партнерот во текот на парењето. Оваа необична појава е наречена сексуален канибализам. Но со која причина се случува ова?
Научниците ја забележале оваа појава кога била откриена оваа класа на инсекти. Богомолката најчесто ја одгризува главата на мажјакот на тој начин што го завртува телото за 180 степени. Таа го прави тоа зошто само така може мажјакот да ја оплоди. Интересно е што и по одгризувањето на главата парењето продолжува понатаму.
Сепак оваа појава не се случува секогаш и не сите видови го користат ова. И покрај ова сознание останува уште многу да се истражува за тоа зошто ова оплодувањето не може да се случи без ова.
Извор:
Optimum naturae