Библиотека од 18 век во Португалија во која лилјаци ги штитат вредните книги

Библиотека од 18 век во Португалија во која лилјаци ги штитат вредните книги

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

На Универзитетот во Коимбра, Португалија, се наоѓа библиотеката „Жуанина“ која содржи повеќе од 60.000 книги, меѓу кои има први изданија или историски изданија кои датираат стотици години наназад. Чувањето на овие драгоцени томови бара внимание и грижа, а во овој случај, лилјаци. Секој ден колонии лилјаци излегуваат од зад високите полици со книги и летаат низ библиотеката од 18 век во потрага по бубачки и молци кои инаку би ги оштетиле страниците на ракописите.

Иако изгледа необично, овие лилјаци се ефикасен начин за контрола на штетници и, според библиотеката, тие живеат во нејзините 6-метарски камени ѕидови уште од 19 век. Токму во тоа време библиотеката „Жуанина“ купила големи кожени листови од Русија за да ги заштити масите од изметот што лилјаците го правеле во текот на ноќта. И денес, библиотекарите ги користат овие листови, ги распостелуваат над мебелот и наутро чистат. Прозорците на библиотеката остануваат отворени, дозволувајќи им на лилјаците да излезат надвор.


Бидејќи овие лилјаци се ноќни животни, тешко е да се сретнат во библиотеката во текот на денот.

Ова е една од двете библиотеки во светот каде што лилјаци живеат заедно со книгите. Северно од Лисабон се наоѓа 300-годишната библиотека во палатата Марфа, каде што исто така има колонија на лилјаци. Според Хуго Ребело, биолог за лилјаци на Универзитетот во Порто, овие колонии се состојат главно од сиви лилјаци со долги уши и некои лилјаци од родот ширококрилен северник.


Извор: Mymodernmet.com